Пендаровски му го додели мандатот на Заев, мнозинство сѐ уште нема

Претседателот на државата денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го даде мандатот да формира влада. Пред да ја соопшти одлуката на Заев, Пендаровски го прочита членот од Уставот кој го овластува да му даде шанса да формира влада на победникот на изборите, коалицијата „Можеме“.

„Чест и одговорност ми е, согласно Уставот, како предводник на коалицијата Можеме, која освои најмногу места во парламентот да го добијам мандатот за составување нова европска и демократска влада. Од овој момент во рок од 20 дена имаме задача да составиме програма и стабилна влада која е подготвена да работи и да служи на сите граѓани подеднакво, ослободена од какви било етнички и други предрасуди“, рече Заев.

Тој рече дека ќе предложи квалитетни, отчетни и одговорни кадри кои силно ќе се борат против корупцијата. Новата влада во најголема мерка, според него, ќе биде посветена на новата економија и ќе го следи јасниот правец за кој е определено мнозинството граѓани. Во формирањето влада, според него, црвена линија треба да бидат интересите на граѓаните околу идната влада.

„Очекувам за најмногу 20 дена, а лично очекувам, и порано, Македонија да добие влада која од прв ден ќе работи на обезбедување повеќе пари, повеќе услови и подобар живот на сите граѓани“, порача тој.

На прашањето дали има обезбедено мнозинство,Заев посочи на уставната одредба според која ма рок од 20 дена да го направи тоа.

Заев за денес најави нова средба со Ахмети, додавајќи дека имаат успех околу некои прашања, но има и други доста сериозни кои се нерешени.

„Опции постојат, нашата земја треба да има влада што поскоро за да се зафати со сите домашни и меѓународни предизвици“, рече Заев.

Тој кажа дека претстојните 20 дена се нивниот „мегдан да формираат влада и парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник“. Амбицијата, како што кажа, е четиригодишен мандат. 

На прашањето што ако не формира влада за 20 дена дали ќе го врати мандатот, Заев потсети на ситуацијата од претходните избори кога ВМРО-ДПМНЕ го врати мандатот, а тој доби шанса и успеа.

„Сега ќе успеам да формирам влада", рече Заев.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе