Претседателски избори април 2019

Пендаровски: Мојот рејтинг е поголем од рејтингот на СДСМ, имам поддршка и од неопределените

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва истакна дека е задоволен од последните анкети, бидејќи според него, покажуваат дека добива поддршка и од неопределените.

„Јас сум задоволен од бројките на анкетите. Јас имам солидна бројка на гласачи Македонци и Албанци. Мојот рејтинг во моментов е поголем од партискиот рејтинг на СДСМ и е поголем од рејтингот на самата коалиција. Што значи дека имам поддршка и од неопределени. Јас сум навистина задоволен што имам поддршка надвор од етничките линии. Оваа коалиција беше направена за да не се пазариме меѓу двата круга. Никој нема да биде овластен од мене да преговара за гласовите на Река“, рече Пендаровски во eмисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизија Телма.

Изрази увереност дека амбиентот за изборите ќе биде демократски и дека и ако тој не биде избран за претседател вечерта ќе се јави и ќе честита на тој кој ќе победи.

„Мислам дека треба да воведуваме нова политичка култура“, истакна Пендаровски, коментирајќи за праксата на непризнавање на избрани претседатели.

Прашан дали ако побара би дал помилување на лидерот на СДСМ, тој вели дека тоа нема да го гарантира никому.

„На кој било политичар не можам да му дадам гаранција дека ако дојде неговата кожа во прашање дека ќе го помилувам, апсурдно“, вели Пендаровски.

Во врска со тоа дали ќе го потпише законот за СЈО ако е очигледно дека со него некој ќе биде помилуван од бомбите како докази, Пендаровски вели дека законот мора да биде донесен и да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, посочувајќи дека ако тој ги содржи барем како индиции бомбите, би донел правда.

„СЈО не смее да биде перцепирано само како механизам кој требаше поранешната власт да ја гони. Од сега натаму нам, мене, на сите, ќе ни треба едно силно СЈО, без пардон кон никого“, вели Пендаровски.

Во делот на надлежностите во надворешната политика како претседател на државата, Пендаровски се осврна на, како што рече, скандалозната ситуација со испразнетите 22 амбасади во кои нема амбасадори.

„Дваесет и две амбасади во моментов немаат амбасадори. Ние сме во парадоксална ситуација бидејќи Иванов не сакаше да направи една нормална кохабитација со Владата и со Димитров. Ние немаме амбасадор во Вашингтон, најголемиот стратешки поддржувач, а парадоксот да е уште поголем ние до крајот на годината ќе бидеме и полноправна членка на НАТО, а немаме амбасадор во НАТО. Тоа е скандалозна ситуација. Ќе ги попопнуваме испразнетите амбасадорски места во соработка со оваа Влада или ако дојде некоја друга влада потоа. Интерес е на Македонија да има амбасадори во Москва, во Вашингтон, во Берлин…“, вели Пендаровски.

Во врска со барањето на Турција за екстрадиција на 15 лица обвинети за тероризам, за кои е веќе почната процедурата, и дали е можно вето за членството во НАТО од Анкара, Пендаровски рече дека мора да се води сметка за нашите закони, тие не смеаат да се прекршуваат, што е вели пред предуслов, прва претпоставка и за нашите евроинтеграции.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе