Пендаровски: Митинзите се одложија, би размислил за одложување и на изборите

Нема да биде ништо страшно ако изборите мора да бидат одложени за некој месец, рече денеска претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Јас немам намера да наведувам на конкретни чекори во тој правец, но моето мислење е дека и таа опција треба сериозно да се разгледува. На гласачките места ќе излезат голем број гласачи. Сепак каква било мерка во тој правец треба да се донесе со консензус меѓу политичките партии“, изјави Пендаровски.

Одговарајќи на новинарски прашања околу можноста за воведување вонредна состојба, тој рече дека ситуацијата е уникатна и дека нема случај за време на прогласена пандемија да се организираат избори. Сепак, дополни дека нема „врзаност”, односно по дефиниција откажување на изборите. Според Пендаровски, се работи за проценка. 

Но, како што стојат работите во ммоментов, неговата шроценка е дека тоа нема да се случи. 

„Клучот за справување со кризата е да се почитуваат 100 посто сите мерки и препораки. Сега не е време за партиска реторика и добивање ситни поени”, изјави Пендаровски.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе