Претседателот на Европскиот совет во Македонија

Пендаровски - Мишел: На 26 март Европскиот совет ќе има тешки разговори околу проширувањето

Во март во Европскиот совет ќе се водат тешки разговори за методологијата за проширување на ЕУ најави вечерва претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Сепак тој се надева дека до 26 март ќе се има појасна слика за методологијата и целиот процес на пристапување

За новиот претседател на ЕС нема никакви сомневања за тоа дека иднината и судбината на Македонија.

„Затоа до Европскиот Совет ќе предложам стратегија која ќе се основа на три столба. Првиот столб е да се работи во следните недели и месеци на усогласување на реформата и модернизирање на процесот на проширувањето, за што повеќе европски земји сметаат дека треба да дадат повеќе лидерство и опипливи резултати.

Вториот столб е прашањето за старт на преговори со Македонија и со Албанија. Иако е досега многу направено, реформите мора да продолжат и во следните месеци, како на пример имплементацијата на Договорот од Преспа или Договорот со Бугарија, што би придонело за напредување на патот кон ЕУ. Третиот столб е носење на стратегија на ЕУ за инвестиции и раст на Западниот Балкан“, рече Мишел и додаде дека е битно да продолжат структурните реформи и борбата против корупцијата и криминалот, како и владеењето на правото.

Претседателот Стево Пендаровски кој беше домаќин на Мишел, изјаво дека во март Македонија очекува позитивна одлука. Тој се согласи со заклучоците на Мишел за продолжување на реформакта агенда на државата и целосна посветеност на спроведување на клучните реформи и организирање на демократски, слободни и фер избори.

Пендаровски за пораките од Европската комисија за законот за Јавното обвинителство рече дека тој никогаш не бил ниту формален, ниту неформален предуслов земјава да добие старт на преговорите. „Неносењето на овој закон не треба да биде искористено од некои земји-членки за повторно блокирање на земјава“. Тој додаде дека е достапен 24/7 за партиите ако треба да помогне во оленсувањето на меѓупартиските преговори за овој закон.

Мишел попладнево се сретна и со техничкиот премиер, Оливе Спасовски, а утре рано изутрина ќе има одделни средби и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе