Пендаровски-Лирман: Германија е клучен политички партнер на земјава

Посетата на германската министерка за Европа, Ана Лирман на земјава набрзо по нејзиното именување е знак за јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, оценил претседателот Стево Пендаровски и се заблагодарил што проширувањето на ЕУ и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

„Република Северна Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија“, изјавил Пендаровски и додал дека нашата држава е подготвена за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оценил дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад и изразил очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе