Во Малме, Шведска

Пендаровски-Лаудер: Холокаустот не смее ниту да се заборави ниту да се негира

Претседателот Стево Пендаровски кој е во работна посета на Шведска и учествува на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против анти-семитизмот „Remember – React“ (Запомни – Реагирај), денеска во Малме се сретна со Роналд Лаудер, претседател на Светскиот еврејски конгрес.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Северна Македонија е посветена на зачувување на споменот на Холокаустот и обезбедување историска одговорност за што презеде конкретни мерки и активности кои беа широко признаени и ценети.

Притоа Пендаровски го издвоил отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, усвоените работни дефиниции на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – за антисемитизмот и за негирање на Холокаустот, усвоената Декларација по повод 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, како и реализираните бројни домашни и меѓународни семинари за едукација и обука и комеморативни настани во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Пендаровски на средбата истакнал дека Холокаустот не смее да заборави, како и дека е потребно да се едуцираат младите генерации за Холокаустот и неговото негирање. Во оваа насока, како што кажал, Северна Македонија поднесе апликација за полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, ИХРА.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе