Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба ако има договор меѓу партиите за нов датум за избори

Претседателот Стево Пендаровски е подготвен да прогласи нова вонредната состојба, само ако има договор меѓу партиите за друг датум за избори, по 5 јули, велат од неговиот кабинет откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика да донесе одлука за нова вонредна состојба.

„Ова ќе се случи само ако претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Мицкоски на прес конференцијата рече дека 5 и 8 јули не доаѓаат предвид и дека прв можен датум е средината на јули. Заев пак, возврати дека „нема веќе бегање, нема одлагање, доста е“.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе