Во писмото Македонците од Бугарија велат дека внимателно ја следат ситуацијата со напорите на Македонија за членство во ЕУ и велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа.
„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас... Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Р. Радев.
Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ.
Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе не примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ“, се вели во писмото до Пендаровски на раководствата на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден.
A.Д.