По средбата на македонските Бугари со Радев

Пендаровски ќе прими делегација на Македонците од Бугарија

Пристигнато е барањето на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден за средба. Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими во најбрз можен рок. Ова за МКД.мк го одговорија од кабинетот на македонскиот претседател по барањето за средба со него од раководствата на две македонски организации кои официјално не се регистрирани во Бугарија. Тие во писмото до претседателот на Македонија ја споменуваат и неодамнешната средба на бугарскиот претседател Румен Радев со претставници на неколку регистрирани здруженија на Бугари од Македонија и на една политичка партија. 

Во писмото Македонците од Бугарија велат дека внимателно ја следат ситуацијата со напорите на Македонија за членство во ЕУ и велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа.
„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас... Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Р. Радев.
Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ.
Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе не примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ“, се вели во писмото до Пендаровски на раководствата на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден.

 A.Д.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе