Дали шефот на државата ќе потпише указ за прогласување на закон

Пендаровски ќе го анализира законот за легализација на дивоградби

„Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска е доставен од Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе го разгледа текстот на законот по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста“, гласи одговорот што МКД.мк го доби од кабинетот на шефот на државата на прашањето дали ќе го потпише законот кој вчера беше донесен и предизвика негативни реакции во јавноста.

До кабинетот на претседателот Пендаровски испративме прашање: „Кој е ставот на претседателот за содржината на овој Закон, дали евентуално смета дека некои негови одредби не се во духот на други закони, како и на Уставот, и дали ќе го потпише, односно дали ќе потпише указ за прогласување на овој Закон“?

Претседателот е ставен во незавидна позиција, бидејќи законот веќе предизвикува негативни реакции во јавноста бидејќи, според правни експерти, се коси со другите закони, особено бидејќи и во Кривичниот законик бесправното градење е наведено како кривично дело. Но, доколку не го потпише законот, според процедурите, по повторно негово евентуално изгласување во Собранието, Пендаровски ќе биде должен да го потпише указот за прогласување на овој закон, кој вчера доби широка поддршка во Собранието, а против гласаа само пет пратеници -  Maja Mорачанин и Мирослав Богдановски од пратеничката група на ДОМ, Борислав Крмов од Левица, како и Гордана Силјановска и Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Демократски сојуз денеска го повика претседателот Педаровски да не го потпише законот.

Претходно, за МКД.мк претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска изјави дека Комисијата е на мислење да поднесе иницијатива пред Уставниот суд за оценка на уставноста. 

„Ако овој закон стапи во сила, тогаш можеме да ставиме крст на сите други закони“, нѝ изјави Ивановска.

П.Џ.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе