По победата

Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите, на државата од која нема да се срамите

Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите и тука и во странство. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ова е дел од обраќањето на Стево Пендаровски, победникот на претседателските избори.  

Пендаровсски обраќањето го започна со благодарност до граѓаните на македонски и на албански јазик. 

„На овие кристално чисти, фер и демократски избори, европски избори, одлучивте да продолжиме заедно напред, ова денес беше нашата достоинствена Македонија, нашиот мудар народ, победа на мнозинството граѓани независно од каква било припадност и продолжуваме заедно напред. Никогаш повеќе режим. Денес победија граѓаните и свечено објавувам дека ќе им служам посветено на сите”, рече Пендаровски.

Според него, исходот од овие избори значи загарантиран пат напред за сите нас како луѓе, како држава.

„Излеговме од темното дно и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме. Овие избори се победа на обединувањето и заедништивото и порака дека само заедно може да се оди напред. Тоа е наша карта за Европа”, изјави Пендаровски. 

Во обраќањето тој рече дека ќе се залага за правичност и правна држава, ќе овединува и нема да дели. 

„Мојата мисија е сите да одиме заедно напред. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Отворен ни е патот на слободна иднина”, порача Пендаровски. 

На крајот освен благодарност за премиерот Зоран Заев за поддршката и за вербата дека е можен успех на концептот „заедно напред”, Пендаровски се заблагодари и на противкандидатите на изборите за придонесот и учеството во овие, како што кажа, кристално чисти и демократски избори. 

 

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе