Пендаровски-Касами: Политичките субјекти да се насочат кон остварување на стратешките цели

Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и лидетот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

„Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните“, истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, упати честитки до претседателот по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе