Интервју за РСЕ

Пендаровски: Јас сум за една изборна единица, без праг, помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите партии

Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата.

„Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата“, истакна Пендаровски.

Во врска со престојните локални избори и напливот на независни листи за советници и за кандидати за градоначалници, шефот на државата смета дека тоа е мал чекор кон демократизација на нашето општество.

„Диверзификацијата, разновидноста може само да ја обогати македонската демократија, не може да ја направи полоша. Мене ми е драго што тоа се случува, иако мислам дека во таа насока власта преку својата нормативна дејност во наредните месеци и години, заедно со опозицијата, бидејќи тие изборни законодавности се менуваат со целосен консензус, ќе мора да направи уште неколку исчекори, на пример една изборна единици, без праг, за да се овозможи и помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите политички партии, туку да имаат една своја автономија и конечно да понудат нешто ново на политичкиот пазар“, додава шефот на државата.

Се осврна и на високата корупција, за која вели дека за жал станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда.

„Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност, да бидете на 111 место во светот не е за фалење“, додава Пендаровски, а во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, иако Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на овој закон, Пендаровски вели дека негова надлежност не е да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува и оти тоа е работа само на Уставниот суд.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе