Претседателски избори 2019

Пендаровски: Jа разбрав пораката на граѓаните, во вториот круг очекувам убедлива победа

Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани, изјави денеска претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој потврди дека по резултатите добиени од синоќа по завршувањето на првиот круг гласање на претседателските избори, немал разговори со албанските опозициски партии и нема да се оди на разговори затоа што, рече, не ни е потребна политичка трговија. Во однос на можноста да се бараат гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, тој ја повтори изјавата на Река во која нагласува дека неговите гласачи по првиот круг, се личности со свој став и како сакаат така треба да решаваат во вториот круг.

„Имам намера да го промовирам мојот концепт. Во вториот круг влегуваат два дијаметрално спротивни концепти. Едниот концепт за кој се залагам е евроатлантска интегрирана Макеоднија и внатре инклузија на сите етнички заедници во системот. На друга страна имаме националистички-популистички концепт од 19 век“, истакна меѓу другото Пендаровски.

На граѓаните кои гласаа за Река им порача дека ја очекува нивната поддршка во вториот круг.

„Од нивниот  глас зависи каков курс ќе заземе нашата земја по 5-ти мај“, оцени Пендаровски.

Според него, на 5-ти мај потребна е максимална граѓанска и политичка мобилизација и поддршка за концептот што ја води оваа земја напред, за да се избегнат нови блокади на патот кон НАТО и ЕУ. Пендаровски изрази уверување дека ќе се постигне цензусот во вториот круг на претседателските избори.

По барање на новинарите да даде коментар за тоа што во првиот круг со резултатите „го изгуби“ Скопје, Пендаровски потенцира дека според бројките тоа не е така, ако се говори за 10–те општини кои го сочинуваат градот Скопје.

На резултатите влијаеле и направените, како што рече, тешки одлуки и компромиси, како што се договорите со Грција и со Бугарија и Законот за јазици.

„Ги разбирам и граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да ја пратат пораката. Верувам дека пораката од страна на политичарите е примена“, изјави денеска Пендаровски.

Тој не очекува бојкот во вториот круг и се надева дека ќе има цензус за успешни претседателски избори.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе