Пендаровски ја повтори позицијата на Македонија на вонреден виртуелен Самит на НАТО - Најостра осуда за рускиот напад врз Украина

Попладнево претседателот Стево Пендаровски учествуваше на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади, на којшто се разговараше за безбедносната ситуација во и околу Украина.

Во своето обраќање на состанокот, претседателот Пендаровски потенцираше дека во овој критичен момент за меѓународниот правен поредок, за мирот и за безбедноста на Европа, потребно е Алијансата да го покаже своето единство и да настапи со здружени напори и дејствија.

Претседателот Пендаровски ја повтори државната позиција дека Северна Македонија го осудува рускиот напад врз Украина, оценувајќи дека истиот е неоправдан и неиспровоциран.

„Северна Македонија најостро го осудува руското признавање на украинските региони Доњецк и Луганск, како независни територии. Се придружуваме на повиците Русија веднаш да прекине со својата воена акција и да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина", рече претседателот Пендаровски потсетувајќи дека Русија мора да ги почитува меѓународните норми и да постапува во согласност со основите на меѓународна безбедносна архитектура, на која се обврзала.

Како одговор на руските воени дејствија во Украина, претседателот информираше дека Северна Македонија се приклучува кон пакетот рестриктивни мерки на Европската Унија против Русија.

Претседателот истакна дека Северна Македонија целосно ги поддржува напорите на НАТО за брз одговор и распоредување на војници за зајакнување на безбедноста на територијата на сојузниците на источното крило на Алијансата и подвлече дека го даваме нашиот придонес во овие напори, во согласност со нашите капацитети.

„Го поддржуваме народот на Украина и нејзините демократски избрани институции. Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените. Ова е прашање на нашата колективна безбедност и прашање на европскиот мир, со цел да се одржи меѓународниот поредок. Мора да бидеме обединети и да ги надминеме тешкотиите со кои се соочуваме, бидејќи иднината на нашата Алијанса и на сите наши граѓани е доведена во прашање", потенцираше претседателот Пендаровски.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе