Претседателот во неудобна ситуација

Пендаровски исвиркан од дел од граѓаните дојдени на Галичката свадба, од дел поздравен со аплауз

На вториот ден од традиционалната Галичка свадба претседателот на Македонија Стево Пендаровски доживеа непријатност кога при неговото пристигнување дел од граѓаните со свирежи и извици го проследија неговото поминување. Oд извиците можеше да се заклучи дека причината е одобрувањето на францускиот предлог. Дел од граѓаните претседателот на државата го пречека со аплаузи и скандирање на неговото име. За  тоа сведочи кус видео запис направен со мобилен телефон. И овој настан е потврда за големата политизираност и делби на населението.

Вчера започна 48. издание на Галичка свадба со низа обичаи - редење, китење и веење на свадбарскиот бајрак, пукање од три пушки од балконот на куќата на зетот, потоа со играње на свекрвино и невестинско оро, на Тешкото како и со обичајот на одење по вода на три чешми.

Од утрово манифестацијата продолжи со обичаите на канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање... венчавање на младенците во црквата Свети Петар и Павле, а се  заокружува Галичка свадба со испраќање на топаните.

Галичката свадба е во организација на МЗ Галичник.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе