Пендаровски: Истрагата треба да покаже како излегол класифициран документ од АНБ, Мицкоски бара одговорност

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска по средбата со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по барање на новинарите нагласи дека не може да ја коментира содржински службената белешка од Агенцијата за национална безбедност, а врз основа на кој еден бизнисмен е во притвор. Според лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски пак конечно кон лицата кои раководат со виталните државни институции  треба да има некакви консеквенци.

„Јас сум од тие неколкумина корисници од државното раководство кој ја добив таа белешка на времето и можам да ви кажам дека примерокот кој е објавен по онаа интерна истрага која ја направивме не е ниту од мојот кабинет излезена, ниту од службите кои се под моја директна надлежност“, изјави Пендаровски.

Шефот на државата посочи дека воопшто не му е драго што од такви класифицирани, високо класифицирани документи, независно од нивната содржина, како што подвлече, излегуваат во јавност.

„Мислам дека тука истрагата треба да покаже како е возможно од еден прилично лимитираен број највисоки државни субјекти, орган во сферата на правосудството и државно раководство како е воопшто излезен тој документ бидејќи тоа не зборува добро. Ние сме една година членка во НАТО и многу ни е битно во сферата, во областа на безбедноста на информации, тие класификувани информации да ги читаат само оние  за кои тие се наменети“, рече претседателот на државата Пендаровски.

По барање на новинарите да го коментира документот од АНБ и за тоа колку често протекуваат вакви документи од државните институции, но и од обвинителството и од судството, Мицкоски со став дека ако вака истекуваат документи од АНБ или витални други државни институции, тогаш ние, за жал, истакна,  многу брзо ќе го изгубиме суверенитетот врз државата.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе