За грчката ТВ Алфа

Пендаровски: Исходот од Брисел беше шок и за мене, и за народот и за сите политичари

Навистина беше шок за сите, не само за мене и за народот, туку и за целата политичка елита, изјавил претседателот Стево Пендаровски за грчката телевизија „Алфа“.

Пендаровски, како што јавува МИА од Атина, во интервјуто рекол дека на лидерската средба одржана во неделата, сите партии, без разлика дали се од власта или од опозицијата биле со исти чувства и став - „испорачавме сѐ што ни беше побарано и одеднаш Европската унија ни вели уште не сме подготвени“.

„Од 2009 во сите извештаи на Европската комисија и потоа во сите коминикеа од Европската унија велеа дека постои само едно нерешено прашање, долгогодишниот спор за името меѓу нас и вашата земја. Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место, е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од ЕУ. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија“, вели Пендаровски.

Тој објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

„Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа“, истакнува Пендаровски.

Според него, за неколку месеци земјата ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.

„За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш, Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северноатлантската алијанса рекоа ‘да‘ за наше членство. Ако не во ноември или декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО и тоа е директен производ од Договорот од Преспа“, додава Пендаровски.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе