Шефот на државата во Прилеп

Пендаровски им оддаде почит на бранителите кои загинаа кај Карпалак

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска во Прилеп им одаде почит на десеттемина прилепски резервисти кои на денешен ден пред 20 години од заседа беа убиени од страна на силите на тошаната ОНА. Тој положи цвеќе пред споменичниот комплекс „Карпалак“.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Претседателот положи цвеќе пред комплексот „Карпалак" во центарот на градот и им оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Во соопштението се потсетува дека делегација од кабинетот на шефот на државата положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8 август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе