Пендаровски и Заев се сретнаа, разговарале за суштинска соработка

Во Вила Водно попладнево се одржа првата средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, кој не присуствуваше на инаугурацијата во Собранието. 

И двајцата се воздржаа од изјави за медиумите, а преку соопштение од Кабинетот на претседателот информираа дека разговарале за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. 

Пендаровски и Заев, како што стои во соопштението, се заложиле за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели, членство во ЕУ и во НАТО.

„Претседателот и премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните”, се додава во соопштението.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе