Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели, заедно со началникот на генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се запознаа со дел од обуката која ја изведуваат припадниците на баталјонот за специјални сили, како и со можностите и начинот на работа коишто ги нудат овие капацитети на Армијата во состав на Командата за обука и доктрини.

Припадниците од Баталјонот за специјални сили пред претседателите Пендаровски и Пахор, преку методско-показни вежби прикажаа постапки кои се применуваат за ситуација на заложничка криза на пловен објект. Во вежбата беа вклучени и хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ на Армијата при што се демонстрираше висок степен на обученост и извежбаност за извршување на сложени задачи на вода согласно НАТО стандардите кои се применуваат во вакви ситуации. Пред вежбата, словенечкиот претседател Пахор беше запознаен со мисијата и задачите на Армијата на Република „Северна" Македонија, а припадниците на баталјонот за специјални сили пред присутните изведоа кратка показна вежба на која презентираа дел од боречките вештини. Потенцирајќи го високото ниво на стручност на припадниците на Армијата на Република „Северна" Македонија за извршување на задачите коишто произлегуваат од нашето полноправно членство во НАТО, претседателот Пендаровски по завршување на вежбата истакна дека припадниците на Армијата се обучени и подготвени за реакција на сите предизвици во рамки на нивната мисија , се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Претходно во Охрид, претседателите посетија дел од културните знаменитости. Домаќинот, претседателот Пендаровски го запозна својот словенечки колега Пахор со дел од историјатот на црквата Света Богородица Перивлепта, Галеријата со икони, како и со богатата историја на црквата Света Софија.

Со престојот и активностите во Охрид заврши дводневната, официјална посета на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на Република Македонија.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе