И претседателот ја исполни граѓанската должност

Пендаровски и неговото семејство влегоа во статистиката на попишани граѓани

Претседателот Стево Пендаровски денеска на Фејсбук објави дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики.

„Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15-тина минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните“, напиша Пендаровски.

Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии.

Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле  193.168 лица.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе