Во 15 часот во Вила Водно

Пендаровски и Мицкоски денеска ќе разговараат за 27 април и можно повторно судење

Случувањата во Собраниети на 27 април во 2017 година и актуелната политичка и економска состојба во Македонија ќе бидат двете теми на кои денеска во 15 часот ќе разговараат македонскиот претседател Стево Пендаровски и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Средбата е договорена на барање на Мицкоски откако Пендаровски во интервју за Канал 5 изјави дека тие што влегоа во Собранието не се терористи.

Претходно и Али Ахмети даде изјава дека не смета дека во Собранието на 27 април 2017 година имало тероризам.

Повторно судење и евентуално намалување на драконските казни за осудените за настаните од 27 април ќе значи релаксирање на политичката атмосфера, оценуваат експертите по најавите дека е можно повторно судење.

Од опозицијата велат дека целта на денешната средба е да се дојде до правда за осудените од 27 април.

Добро е што по девет месеци некомуницирање, ВМРО-ДПМНЕ воспоставува комуникација со институцијата претседател, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, изјави вчера Пендаровски за Дојче веле.

Одмрзнувањето на односите помеѓу претседателот и опозициската партија го поздрави и премиерот Заев, кој смета дека државата од ова може да има само корист. „Нека има дијалог, од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Во однос на осудените тука не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи“, рече Заев.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе