На местото на Иванка Додовска

Пендаровски го предлага Александар Спасов за член на Националниот совет за евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски бара разрешување на Иванка Додовска од Националниот совет за евроинтеграции, а на нејзино место бара да биде именуван Александар Спасов.

„Кабинетот денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски, дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот 'Св. Кирил и Методиј' е предложен како претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции. Воедно, Кабинетот бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет", се вели во соопштението.

Националниот совет за евроинтеграции има за цел да ги засили активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето на заедничка согласност и дејствување во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ.

Националниот советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од кабинетот на претседателот на државата, претставник од кабинетот на претседателот на Владата, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе