Пендаровски го потпиша Законот за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Северна Македонија – Прешево, Република Србија.

Со договорот, потпишан меѓу владите на двете земји на 12 јули годинава во Белград, се предвидува воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница. Според Пендаровски, постигнатиот договор треба да претставува поттик во насока на овозможување на заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави.

 

 

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе