Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, указот бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија беше донесен во Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе, без присуство на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.  Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе