Во Битола

Пендаровски го осуди палењето на вратата на клубот „Иван Михајлов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук-профил го осуди палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола.

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и да се казнат сторителите.

Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово објави дека се изгорени влезната врата и натписот на Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола и дека внатре не е предизвикана штета.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе