Пендаровски-Галовеј: Северна Македонија модел за успешна трансформација во регионот

Северна Македонија во изминатиов период вложи огромен труд и напори во исполнувањето на интеграциските процеси и денес претставува модел за успешна трансформација за сите држави од регионот, оценија денеска претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот. Двајцата соговорници изразиле задоволство од развојот на севкупните односи меѓу двете држави, кои ги карактеризира взаемно пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство. 

На средбата било констатирано дека Обединетото Кралство е наш долгогодишен партнер и поддржувач на реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор, како и во областа на правосудството, јавната администрација и транспарентноста на јавните институции.

Пендаровски изразил увереност дека Обединетото Кралство, како цврст партнер и пријател на Северна Македонија, ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на нашите стратешки приоритети. Притоа тој изразил очекување долгогодишното партнерство во рамките на НАТО да биде заокружено со нашето членство во Алијансата, на состанокот на лидерите, којшто ќе се одржи во Лондон, во декември 2019 година.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе