За РТ Црна Гора

Пендаровски: Европската перспектива е замаглена, а патот кон ЕУ бавен и неизвесен

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон европското семејство и смета дека Европа мора да биде поодлучна по тоа прашање.

Во интервју за Радио телевизија Црна Гора Пендаровски вели дека иако европската перспектива е единствена алтерантива, одржлива и продуктивна за целиот регион, го загрижува тоа што таа е замаглена во последно време, а патот кон европското семејство е бавен и неизвесен.

„Се надевам дека тоа ќе оди побрзо. Каква порака е тоа за нас, кои сѐ уште не сме почнале со преговарање. Ако вие преговарате седум години и сѐ уште нема светло на крајот од тунелот, тогаш што да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку ќе трае ова, 15-20 години?“, изјавил Пендаровски.

Во врска со одложувањето на одлуката за почеток на преговори со ЕУ, тој потсетува дека „сѐ што побараа од нас, сѐ исполнивме, вклучувајќи ги и тешките компромиси“.

„Сега е ред на Европа да го исполни тоа што го вети“, порача Пендаровски.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе