Конференција на Подгоричкиот клуб во Скопје

Пендаровски: ЕУ да им го даде на граѓаните заслужениот датум за преговори

Како претседател на Северна Македонија, од Европската унија очекувам лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат” на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.

ЕУ, според Пендаровски, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.

„Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира граѓаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион”, рече Пендаровски.

Тој додаде дека минатата недела земјава го доби најдобриот и најпозитнивниот извештај од ЕК за напредокот и интеграциите.

„Добивме чиста и безусловна препорака за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. За да стигнеме до тука не беше ниту малку лесно. За многу кратко време успеавме да решиме децениски прашања. Северна Македонија е единствената држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи, туку само отворени перспективи”, порача Пендаровски.

Тој смета дека има уште многу да се сработи и дека се преземаат активности да се постигне суштински и демократски напредок за граѓаните.

„Подготвени сме да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ. Членството во ЕУ и во НАТО е нашиот највисок стратешки приоритет. Изразив надеж дека и ЕУ ќе го следи примерот на НАТО и ќе даде датум за почеток на преговорите. Преговорите за членство ќе бидат кохензивен фактор во нашето мултиетничко општество. Датумот ќе ги мотивира институциите во државата одговорно да ги спроведуваат суштинските реформи, неоходни за инклузивна, стабилна и функционална демократија. Да не заборавиме дека интеграција во ЕУ е единствениот заеднички содржател на сите земји во Западен Балкан”, оцени Пендаровски.

На конференцијата на Подгоричкиот клуб Пендаровски порача дека регионалната соработка е клучна за развој на нашите држави и овозможува поврзување на сите нивоа.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе