На средбите, на маргините на конференцијата, со челните луѓе на Атлантскиот совет и високи претставници на НАТО, односно Александер Вершбоу, Дејмон Вилсон, Марк Лејти, Џорџ Базби и Алесандро Минуто - Ризо, Пендаровски изразил задоволство од брзата ратификација на Пристапниот протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, го реафирмирал ставот дека единствена алтернатива за земјата е членство во НАТО и во Европската Унија.
„Патот до Алијансата веќе е на самиот финиш. Станувајќи 30-та членка на НАТО ќе биде загарантирана безбедноста и сигурноста на Северна Македонија”, изјавил Пендаровски.
Во таа насока, како што рекол, и покрај скорешното разочарување од недобивањето на датум, Македонија пред се, поради своите граѓани, неопходно е со побрзо темпо да ги заврши започнатите реформи. На тој начин, според Пендаровски, ќе создадеме општество со европски вредности.