Кабинет на претседателот

Пендаровски е за нов изборен модел, пропорционален со отворени листи и помалку изборни единици

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата.

Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.

Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека „во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието“.

Пендаровски смета дека „демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на Република Северна Македонија“, соопштија од неговиот кабинет.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе