Пендаровски е сигурен дека Бугарија нема да го блокира датумот за преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски е сигурен дека Бугарија нема да го блокира датумот за преговори со ЕУ, а елементите на бугарската позиција во однос на натамошниот процес на интеграцијата на Македонија, според него, се внатрешно-политичка работа на една земја-членка на Унијата и таа позициија со сигурност нема да биде изнесена на претстојниот Европски совет.

„Прво да добиеме датум, а потоа сите земји-членки на Унијата треба да ја направат преговарачката рамка од нивен национален аспект. Ќе направиме наши преговарачки позиции во однос на тоа што другите земји-членки бараат од нас. Ако воопшто дојде на дневен ред, таа работа тоа ќе дојде кон средината на следната година, кога ќе почне да се одвива преговарачкиот процес. Практично невозможно е да коментирате преговарачка позиција чии елементи не ги знаете сѐ уште. Да ги видиме прво елементите, а околу динамиката ние ќе треба да се произнесеме во однос на тоа што евентуално го бара една земја-членка некаде половина година отсега понатаму“, рече Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека Бугарија утре ќе ги најави мерките за преговорите, додавајќи дека деновиве не контактирал со бугарскиот претседател Румен Радев.

Пендаровски денеска присуствуваше на отворање на МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија и панел дискусија на тема „Дигитални вештини и трансформација на општеството“.

Фото: МИА

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе