Пендаровски: Договорот меѓу Белград и Приштина не смее да задира во суверенитетот на другите држави

Со претседателот Вучиќ заклучивме дека односите меѓу двете земји се одлични и без спорни точки. Се заложивме различните гледишта во однос на дел од прашањата од нашата билатерална агенда да продолжиме да ги дискутираме како пријатели на конструктивен начин, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со неговиот домаќин Александар Вучиќ во Белград. 

На средбата го истакнал ставот дека за Македонија не постои друга одржлива алтернатива, освен полноправно членство во Унијата на крајот од овој процес. 

„Ме радува фактот што и од Скопје и од Белград упатуваме јасни пораки дека ЕУ не треба да заборави на западниот Балкан, за кој перспективата за членство во ЕУ е единствена гаранција за стабилност, сигурност и просперитет и всушност е единствена одржлива опција. Европската интеграција на регионот е најдобриот начин што ќе овозможи демократска трансформација на нашите општества, просперитет и зајакната регионална соработка”, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција.

Во однос на дијалогот Белград-Приштина, Пендаровски ги слушнал размислувањата на Вучиќ, но ги повторил и своите ставови. 

„Очекувам дека со помош на меѓународната заедница и посебно нашите западни партнери ќе бидат создадени услови за сериозен напредок, па и за конечно затворање на ова прашање. Решението што ќе го договорат Белград и Приштина мора да придонесува кон регионалната стабилност и безбедност и по наше мислење не смее да задира во суверенитетот на другите држави во регионот”, изјави Пендаровски.

На средбата посебен акцент бил ставен на економската соработка и потребата од нејзино зајакнување.  

„Ние мораме да се завртиме кон иднината, а тоа значи да ги насочиме комплет, целосно, нашите капацитети кон економијата, како предуслов кон инфраструктурата, со цел граѓаните од нашите две земји и од регионот да живеат подобро.

 На нашите две земји и на нашиот регион во целина му е потребно натамошно многу подобро инфраструктурно поврзување. И во тој контекст упатив честитка до претседателот Вучиќ за комплетирањето на два исклучително важни автопати, како за Србија, така и за нас, и пошироко за регионот, а тоа е автопатот кон Северна Македонија и кон Бугарија, за кои очекувам значително да влијаат врз подигнување на нивото на трговските односи во регионот”, рече Пендаровски.

Пендаровски имаше средба и со српската премиерка Ана Брнабиќ и со неа заклучиле дека зголемувањето на регионалната соработка и натамошната интеграција во ЕУ преку имплементација на европските правила и стандарди на регионално ниво треба да биде основната цел на новата иницијатива за идно слободно движење на стоки, услуги и работна сила.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, го реафирмирал интересот за натамошно интензивирање на севкупните билатерални односи на РСМ со Србија, како две соседни и пријателски земји кои ги поврзува долга историска и културна традиција, а ја споделуваат и визијата за заедничка иднина во ЕУ.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе