Поддршка на ОБСЕ за унапредување на меѓуетничките односи

Пендаровски до Заниер: Ние сме позитивен пример за соработка

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Ламберто Заниер. На средбата се разговараше за ангажманот и поддршката на ОБСЕ за унапредување на меѓуетничките односи во земјава, во контекст на евро-атлантските интеграции на државата.

Претседателот истакна дека Република Северна Македонија е успешен и позитивен пример во регионот со својот пристап кон градење на односи на толеранција и соработка меѓу различните етнички заедници.

Тој заблагодарувајќи се на комесарот Заниер за ангажманот и поддршката која ОБСЕ ја дава во унапредување на односите меѓу етничките заедници, нагласи дека во Северна Македонија високо се цени поддршката што организацијата ја дава во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото.

Соговорниците разменија мислења за долгогодишната соработка со ОБСЕ и нивната поддршка на реформите, а беа разменети и мислења за севкупните состојби во државата.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе