Пендаровски до Гир: Ниедна членка на ЕУ не смее со ирационални барања да ја кочи нашата европска иднина

Европските перспективи на Македонија, можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија  и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди се темите на кои разговарале претседателот Стево Пендаровски и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир на денешната средба.

„Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, рекол Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на ЕУ и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

Како што соопшти неговиот кабинет, Пендаровски кажал дека Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, како и дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.

На средбата се разговарало и за актуелните мерки и состојби во Унијата во насока на справување со пандемијата на ковид-19, при што претседателот Пендаровски се заблагодарил за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социоекономските последици од пандемијата.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе