Време

Пендаровски денеска на прво годишно обраќање пред пратениците

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Се очекува Пендаровски да зборува за стратешките цели и остварувања на земјата и да ги изнесе своите видувања за актуелните проблеми во државата со неутрален политички тон.

„Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност. Ве молам тоа да ми се овозможи на 18 декември 2019 година (среда) во 12 часот”, пишува во барањето од Пендаровски испратено до претседателот на Собранието Талат  Џафери на 21 ноември.

Ова ќе биде прво обраќање на Пендаровски како шеф на државата пред пратениците откако победи на годинешните претседателски избори. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе