Проект „МладиХаб“

Пендаровски: Да се отpгнеме од апатијата и заедно да ја канализираме младинската енергија

Со заеднички напори на надлежните општествени субјекти можеме да помогнеме во отворањето нови можности и создавањето на позитивна атмосфера, со цел, младите да станат активен дел од важните општествени процеси. Заеднички да се обидеме да се оттргнеме од летаргијата, апатијата, демотивираноста и да отвориме перспективи и простор за нови идеи за канализирање на младинската енергија, рече претседателот на Македонија Стево Пендаровски на промоцијата на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите"

Во обраќањето на настанот, одржан на отворено пред кабинетот на шефот на джавата по повод на 12 август – Меѓународниот ден на младите, претседателот Пендаровски оцени дека е важно да се поврзат работодавачите и младите лица кои се во потрага по можности за кариерен развој,

Тој изрази уверување дека проектот ќе придонесе за професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции, прилагодени на потребите на пазарот на трудот.

„Успехот на предвидените активности секако зависи и од тоа колку младите ќе бидат проактивни, трагајќи по можности за стекнување знаење и вештини, но и од тоа колку корпоративниот сектор и граѓанските организации ќе ја препознаат оваа добра можност и ќе се здобијат со вреден човечки капитал со потенцијал соодветно да одговори на нивните потреби и барања“, рече Пендаровски.

Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија и Младинската група, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје и од Кабинетот на претседателот.

Претседателот рече дека е апсолутно убеден дека со заеднички напори на сите надлежни општествени субјекти може да се помогне во отворањето на нови можности младите да станат активен дел од важните општествени процеси.

„Заеднички да се обидеме да се оттргнеме од летаргијата, апатијата, демотивираноста и да отвориме нови перспективи, простор за нови идеи преку кои ќе ја канализираме младинската енергија“, додаде Пендаровски во обраќањето.

На настанот учествуваа околу 20 претставници од компании вклучени во програмата за практикантство во рамки на проектот „МладиХаб“ и околу 30 млади лица.

„Преку нашиот проект со канцеларијата на претседателот и Националниот младински совет ќе се обучуваат и менторираат млади луѓе како да основаат свои бизниси и ќе соработуваат со приватниот сектор и граѓанското општество за создавање на партнерства. Овие партнерства ќе создадат можности за младите луѓе да стекнат корисно работно искуство од компаниите и граѓанското општество“, рече Доминик Отвеј, вршител на должност во Британската амбасада во Скопје.

Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Марија Крстевска нагласи дека годинава фокусот им е на градењето компетенции на младите.

„Посветени на нашата мисија и водени од фактот што еден од најчестите предизвици при вработување за младите е недостигот на работно искуство, оваа година работиме на градење на компетенции на младите. Проектот опфаќа практикантство, менторство, обуки за претприемништво и канцеларии во повеќе градови со цел да ги доближиме програмите за вработување, обука и дообука на младите“, заклучи Крстевска.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе