Пендаровски: Бугарија нè извлече од изолација. Борисов: Ова е како највисока оценка од Стандарт и Пурс

Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија како во НАТО, така и во Европската Унија и на тоа сите работиме, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за БГНЕС

 

Борисов му се заблагодари на Пендаровски за изјавата дека Бугарија нè извлече од тоталната изолација.

„Не е преувеличување на квалификациите што Зоран Заев честопати ги дава за улогата на Бојко Борисов и актуелната бугарска влада во последните две години, според кои бугарскиот премиер заедно со Ципрас помогнаа побрзо да се извлечеме од меѓународната изолација“, рече Пендароски за БГНЕС.

Според него, Заев и Борисов се нестандардни политичари, без историски оптоварувања и емоции.

Пендаровски додаде дека Договорот за пријателство со Бугарија е потпишан во многу чувствителен момент по паѓањето на „авторитарниот режим“ на Никола Груевски. Според него, Груевски ја врати најтемната антибугарска пропаганда на поранешна Југославија.

„Јас навистина мислам дека Договорот за пријателство со Бугарија, без оглед колку и да изгледа обично, треба да потенцира дека кога го потпишавме, штотуку се ослободивме од тешкиот авторитарен режим од страна на Никола Груевски, што не е тоа беше само антизападен режим, но и антиалбански и антибугарски“, рече Пендаровски. 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе