Пендаровски-Борисов: Политичарите да се воздржат, историчарите да си ги завршат обврските

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими бугарскиот премиер Бојко Борисов, и со него разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Притоа било оценето дека Македонија и Бугарија се посветени на јакнење на добрососедските односи и унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, било констатирано дека заедничкото претседавање со Берлинскиот процес претставува одлична можност за понатамошно зајакнување на добрососедските односи и посилна улога на двете држави во регионалните прашања.

„Двајцата соговорници констатираа дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија внесе позитивна динамика во севкупните билатерални односи, а со неговото потпишување во 2017 година двете држави дадоа позитивен пример за надминување на останатите отворени прашања во регионот. Политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, а постигнат е значителен напредок во соработката на двете држави во економијата, туризмот, транспортот и комуникацијата, животната средина, културата, образованието и одбраната, беше заклучено на средбата“, пишува во соопштението.

Пендаровски изразил уверување за натамошна добра работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како обврска произлезена од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и истовремено, повикал на воздржаност од политичките водства на двете држави, со цел да им се овозможи на историчарите успешно да ги завршат обврските во рамки на комисијата.

Пендаровски се заблагодарил за севкупната поддршка од Република Бугарија за аспирациите на земјава за членство во ЕУ и во НАТО и го повторил очекувањето дека во октомври ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Пендаровски исто така кажал дека Република Северна Македонија вложила многу напори во исполнување на европските критериуми и истакнал дека државата ќе продолжи со реализацијата на реформската агенда во пресрет на очекуваната одлука на Европскиот Совет за почеток на пристапните преговори.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе