Совет за безбедност

Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, а најголем предизвик останува ковид-19

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на земјата. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.

Пендаровски кажа дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран бегалци, односно мигрантска криза.

Инаку, според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијае на општата безбедност во земјата.

На првиот состанок на Советот за безбедност по зачленувањето на земјата во НАТО, како што кажа, се разгледани и безбедносните импликации поврзани со 5Г технологијата. Заклучено е Владата и надлежните институции доследно да ги почитуваат правилата и препораките на Алијансата. Министерството за надворешни работи ќе треба да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен по содржина на меморандумите што ги потпишале државите од регионот и земји членки на Алијансата.

„Како членка на НАТО сега сме обврзани да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии кои имаат цели и вердности кои се некомпитабилни со целите и вредностите на западната Алијанса”, изјави Пендаровски.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе