Во интервју за МИА

Пендаровски: Без ЕУ нема да пропаднеме, ама ќе напредуваме со темпо на полжав

Во моментов со Бугарија разговараме за, не неважни, меѓутоа странични прашања на главниот проблем. Зборуваме за инфраструктура, за образование, за медиуми, за подобро поврзување во различни области, во енергетиката, кои се врзани со главниот проблем. Главниот проблем е инсистирањето на Бугарија дека во идентитетските маркери на македонската нација треба пред 1944 година да се потпише дека биле бугарски, односно дека корените биле бугарски, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА.

„Ние, се разбира, на тоа ниту некогаш сме се согласиле ниту ќе се согласиме во иднина, меѓутоа ако не успеавме да постигнеме согласност од двете страни, особено од софиска да нè пропуштат, да ни дозволат да почнеме со првото ниво во декември, од тие причини со користење на познатиот нивни вокабулар не верувам дека сега можеме во јануари, февруари, март тоа да го направиме.

Значи, станува збор за еден пристап инициран од наша страна, за кој се надевам дека бугарската страна ќе се согласи, кој треба да ја изгради повторно атмосферата на доверба, за да можеме да разговараме за сите прашања. Повторувам, не станува збор за никаков нов договор, додаток на договор, протокол, анекс итн“, изјави Пендаровски.

Според него, бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции. Во однос на она што Бугарија ни го испорача преку специјалниот пратеник Владо Бучковски, и дали конечно истиот ќе го види јавноста, дали тоа е навистина анекс, тој појаснува дека во никој случај не станува збор за нов договор, додаток на договор, протокол, анекс.

„Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции, можеби некои фрази тука и таму“, додава тој. 

Пендаровски информира и дека најверојатно следната недела за сето ова ќе се разговара на собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика, дека за тоа Владата донела одлука, но не знае дали информирањето на пратениците за последните случувања на реалција Скопје-Софија ќе биде отворено за јавноста.

За говорот за омраза, Пендаровски вели дека тој не може да тврди дека тука нема говор на омраза, како што и тие не можат да тврдат дека од Софија кон нас не доаѓаат јасни и чисти дисквалификации и класичен говор на омраза.

„Кога ти мене не ми го признаваш правото на самоидентификација и кога велиш дека јас не сум тоа што самиот се идентификувам дека сум, значи тоа е дисквалификација од највисок вид“, вели тој и додава дека земјава реагира на таквите инциденти кои доаѓаат од ниво на државни функционери. Но смета дека не треба да се оди во насока државата да санкционира илјадници, илјадници свои граѓани за објавите на социјалните медиуми.

„-Конечно, тоа е демократија. Има право секој кој е засегнат да тужи“, нагласува претседателот.

Што се однесува до очекувањата за постизборна промена на бугарската политика, но и за опциите кои ги имаме доколку бугарската позиција остане константна, Пендаровски се надева и очекува дека останатите земји-членки на ЕУ ќе станат посвесни и ќе притистнат бидејќи интегрирањето на Западен Балкан во Унијата е геополитички важно прашање. Исто така, очекува дека ќе помогне администрација на новиот американски претседател Џо Бајден, која го познава регионот и ќе го зајакне фокусот кон него.

Во однос на членството во Европската економска зона тој вели дека тоа не е лоша опција, но, како што додава, тврди дека нам поради овој недостиг на институционална меморија и демократско искуство претходно, нам ни треба и политичкото искуство и демократските вредности ни требаат, пример, човековите права не се за занемарување. „Ние не можеме од сабајле до вечер да мислиме само за бркање профит и делење дивиденди на крајот на годината. Значи не може само економската страна на живејачката да нè интересира. Што околу човековите слободи и права. Во Европската економска зона немате никаква дискусија, ниту дебати околу слобода на медиуми. Јас мислам ним и им е потребна дебата, и на целиот Балкан. Значи не ми го кинете ова како перспектива, членство во ЕУ еден ден, кога ќе заслужиме кога ќе испреговараме. Денес да влеземе во Европската економска зона, но не или-или, туку и-и“, изјави тој.

Пендаровски се осврна и на реветингот кој по налог на НАТО  се спроведува врз македонските армиски и безбедносни структури, но и врз носителите на јавни функции. Информира дека тој прв ја минал порверката, дека досега половина од околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони кои се ставени на проверка минале позитивно, а само двајца негативно, од кои едниот е нашиот кандидат за воен преставник во Алијансата. Се проверуваат не само безбедносните, но и коруптивните аспекти на личноста. 

Пендаровски говори и за  институционалните демократски капацитети на земјава,  за системските слабости, за политичките мешетарења, скриени агенди, за заробените институции, за можностите во ЕУ без ЕУ.  

Вели без Европа нема да пропаднеме, ама ќе продолжиме да напредуваме со темпо на полжав или на желка. Потсетува дека не можеме од сабајле до вечер да мислиме само за бркање профит и делење дивиденди на крајот на годината, туку дека битни се и човековите права и медиумски слободи. 

Претседателот на државата за своите претходници Црвенковски и Иванов вели дека нивен бил изборот да се затворат и изолираат. 

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе