Истовремено најостро го осуди носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.
„Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори, бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.
Вчера полицијата имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок”, пишува во соопштението од Пендаровски.