Шефот на државата предупредува

Пендаровски: Ако вака продолжиме, ќе го уништиме водното богатство

Претседателот Стево Пендаровски изнесе податоци базирани на релевантни проценки, според кои, во Македонија се прочистуваат само околу три до четири проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата. „Гледајќи го повеќедеценискиот неодговорен однос кон водите, по сѐ изгледа дека ова непороценливо богатство го земаме здраво за готово", вели Пендаровски, кој предупреди и дека законите се недоречени, а дел од потребната законска регулатива не е ниту  донесена.

Според долгорочните климатски сценарија нашата земја се наоѓа во еден од климатски најранливите региони, не само во Европа, туку и во светот. Доколку не преземеме долгорочни мерки за заштита на водните ресурси можеме лесно и неповратно да ги изгубиме. Затоа проблемот со заштита на водните не е дневно политичко, туку е есенцијално прашање, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната Конференција „Зелена агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија".

Пендаровски истакна дека за да се разбистри ситуацијата со заштитата на нашите води на надлежните инстутуции им се неопходни прецизни, но и ажурурани податоци.

„Потребна е хармонизација со европското законодавство, но тоа знаеме дека е полесниот дел, затоа што поважна е имплементацијата што подразбира и редовен и превентивен инспекциски надзор, кој навремено ќе го санкционира секој обид за профитирање на сметка на животната средина", рече претседателот.

Тој потенцираше дека заштитата на водите подразбира и заштита на шумите и на биодивезитетот.

„Живееме во земја што е релативно богата со површински и подземни води. Од водата завистат нашите животи, нашите еко-системи, нашата економија и таа е клучна за производството, за индустријата, за туризмот. Не е претерено да се каже дека севкупниот развој на државата во голема мерка зависи од квантитетот и квалитетот на нашите водени ресурси. Меѓутоа гледајќи го повеќедеценискиот неодговорен однос кон водите, по се изгледа дека ова непороценливо богатство го земаме здраво за готово", посочи Пендаровски.

Претседателот наведе дека според некои проценки во Северна Македонија се прочистуваат само околу три до четири проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата.

„Најголемиот дел од непрочистената вода се испушта директно во почвата во реките, езерата, јавната канализација. Подеднакво сериозен проблем е вадењето на песок, чакал, камен од речните и езерските брегови и корита, што во отсуство на јасни критериуми и контролни механизми израснува во дефакто легализирано унитување на речните корита", потенцираше Пендаровски.

Постојат, како што рече шефот на државата, неколку причини за ваквото неодржливо управување со водите.

„Прво, ниското ниво на јавна свест и лична совест. Сѐ уште постојат сфаќањата дека водата е неограничен ресурс што може бесконечно да се троши. Таквиот недомаќински однос е особено загрижувачки ако имаме предвид дека 11 проценти од вкупниот број на индивидуални домаќинства кај нас сѐ уште немаат пристап до вода за пиење. Колку е пониско нивото на јавната свест, толку е поважна улогата на инспекцискиот надзор, но за жал инспекцискиот надзор е слаба алка во нашиот систем затоа што е нередовен и затоа што е неактивен", образложи претседателот.

Пендаровски рече дека тоа се должи, делумно на законските недоречености, а делумно на буџетските ограничувања.

„Речиси половина од подзаконските акти неопходни за имплементација на Законот за води сѐ уште не се донесени. Немаме ниту доволен број на прочистителни станици. Поради овие наталожени системски недостатоци, надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите", рече претседателот.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе