Средба со Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Пендаровски очекува од институциите посилна поддршка за медицинските сестри

На средбата со претседателот Стево Пендароски претставничките на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат политики со кои ќе се унапредува квалитетот на негата на пациентите и преку кои ќе се гради и вреднува важноста на сестрите и акушерките. Претседателот им оддаде признание и се заблагодари за нивниот севкупен ангажман и нагласи дека од институциите очекува посилна поддршка.

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, на која беше информиран за нивните заложби во професијата, со нивните визии за здравствената нега и заштита, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во нивната работа, особено во однос на едукацијата.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, тие на средбата посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата и нагласија дека инвестирањето во сестринството е одржлива инвестиција во здравството која придонесува за здравствена превенција како придобивка на граѓаните и општеството.

Претседателот Пендаровски истакна дека изминатиов период, од почетокот на пандемијата на ковид-19, здравствените работници заслужуваат огромна почит за нивната секојдневна работа. Претседателот им оддаде признание и се заблагодари за нивниот севкупен ангажман и порача дека, како што пандемијата на ковид-19 ја направи повидлива нивната професија, така очекува и поддршката од институциите во иднина да биде поизразена и посилна.

Претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, кое е член на Светската здравствена организација и на Меѓународниот совет на медицински сестри, истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат политики со кои ќе се унапредува квалитетот на негата на пациентите и преку кои ќе се гради и вреднува важноста на сестрите и акушерките.

Оваа средба, стои во соопштението, се реализира во месецот во кој се одбележуваат два значајни датума за медицинските сестри и акушерки, 5 мај – Меѓународен ден на акушерките и 12 мај – Меѓународен ден на медицинските сестри.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе