Портпаролот на грчката влада

Пецас: Употребата на „ерга омнес“ зависи од волјата на „другите“

Ние секогаш сме за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. И во нивен и во наш интерес е да имаат европска перспектива и постепено да се упатуваат кон членство во Европската унија, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Како што јавува МИА од Атина, одговарајќи на новинарско прашање дали по ветото од Франција е доведена во опасност „ерга омнес“ употребата на името на нашата земја, Пецас рече дека „тоа зависи од волјата на другите“ и додаде дека тоа е уште еден аспект на Договорот од Преспа што укажува на нивниот став дека станува збор за „штетен договор“.

„Придржувањето кон овој Договор и тоа за клучно прашање, како што е почитувањето на принципот ‘ерга омнес‘, зависи од волјата на другите. Сфаќате дека овој аспект е уште еден аспект што укажува зошто ние велевме дека овој договор е штетен договор. И ова е уште едно прашање кое ќе треба да го види секој оној кој со критичко расположение го гледа Договорот од Преспа и да ја разбере нашата политика кога велиме дека сакаме да подобриме некои аспекти од договорот. За ова, ќе сториме сѐ, секако, поддржувајќи ја европската перспектива на сите земји од Западен Балкан“, рече Пецас.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе