Реакција

Павловска-Данева: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата, никој не знае зошто беше европското знаменце

„Јас не знам дали се одредени членови неуставни, за тоа може да се произнесат експертите по Уставно право. Можам да кажам само дека закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка. А, европското знаменце, се чини, никому не му е јасно зошто му беше прикачено“, вели професорката Ана Павловска-Данева во изјавата за Фактор.мк.

Пред два дена, собраниското мнозинство предводено од СДСМ, ДУИ и со поддршка на сите останати албански партии без поголеми пречки успеа да го изгласа Законот за употреба на јазиците. На собраниската седница не присуствуваа пратениците од опозицискта ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Павловска-Данева е член на СДСМ и избрана е како претставник на Република Македонија во ГРЕКО - група на држави против корупција на Советот на Европа.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе