Грчкиот претседател

Павлопулос со порака: Договорот од Преспа мора правилно да се спроведува

Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но потребно е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа, во спротивно ќе биде блокиран нејзиниот европски пат, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во честитката до Грците од дијаспората по повод националниот празник 25 март.

„Што се однесува на Република Северна Македонија, ние ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство, со тоа и меѓународното право во целост, а пред сè Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам. Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на Република Северна Македонија“, пишува Павлопулос во честитката, пренесе МИА.

Тој додава дека дека „Грција е фактор на мир и безбедност на Балканот и во поширокиот регион на Југоисточниот Медитеран и целосно и практично ги почитува европското и меѓународното право” и се стреми кон пријателство и соработка со сите соседи.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе