Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и меѓународното право, па членство во ЕУ и НАТО

Решение на спорот со името, согласно историјата и меѓународното право, е предусловот за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, вели грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето со Македонија, јавува МИА од Атина.

„Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи со ПЈРМ и во пракса покажуваме дека ја поддржуваме перспективата кон НАТО и ЕУ, но овде постои еден важен предуслов: решавање на прашањето со името согласно со историјата и меѓународното право. За да се случи ова, како што имаме јасно кажано и тоа е позиција прифатена од НАТО и од ОН, треба, нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а најпрво во нејзиниот Устав, бидејќи Уставот каков што е сега не одоговара на предусловите”, рече Павлопулос.

Грчкиот претседател додава дека Атина чека Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.

„Посакуваме овој процес да има поволен исход, но одговорноста, како што сите знаеме, ѝ припаѓа на соседната земја”, рече грчкиот претседател.

 

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе