Од морални и етички причини

Павле Богоевски поднесе оставка, ќе се активира по гласањето за одземање на мандатот на Груевски

Пратеникот и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција. Од говорница на денешната седница на Комисијата кажа дека оставката ќе биде активирана по пленарната собраниска седница на која треба да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Оставката, како што рече, ја поднесува од морални и етички причини.

Ваквиот чекор на Богоевски следува по реакциите во јавноста за објавената аудио снимка со негов разговор.

Седницата што денеска требаше да се одржи, а на која на дневен ред е предлогот за одземање пратенички мандат на Груевски, Богоевски ја прекина и таа дополнително ќе биде закажана.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе